Јуриј Пјуних: Вo Кипaр сe регистрирани поjaви на русофобија

Од:

Во Кипар се регистрирани појави на русофобија, со кои треба решително да се пресметаме, изјави претседателот на Асоцијацијата на руски бизнисмени во Кипар, Јуриј Пјуних, кој учествуваше на средбата на кипарскиот архиеапископ Хризостом со раководството на руските компании на островот, пренесоа руските медиуми.

Според Пјуних, како резултат на спогодбата на кипарската влада со ЕУ и ММФ за доделување финансиска помош на Кипар компаниите со руски капитал на островот претрпеле огромни загуби. Тој тврди дека биле правени и обиди да се нанесе удар не само врз Кипар, туку и врз кипарско-руските односи.

Претставникот на рускиот бизнис на Кипар уште кажа дека во неколку реони на градот Пафос се појавиле прогласи во кои се предлагаат намалувања за сите, но не и за Русите, а, исто така, имало и други негативни појави од страна на ултранационалистите.

– Ги повикувам нашите организации, кипарските власти и црквата да не дозволат во овие тешки моменти да им се дава простор на русофобски изјави и навремено да се пресечат овие појави, истакна претседателот на Асоцијацијата на руски бизнисмени во Кипар.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар