Јункер: За Орбан нема повеќе место во ЕПП

Од:

Во интервју за францускиот весник „Ле Монд“, претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, кој доаѓа од редовите на Европската Народна Партија (ЕПП), смета дека на унгарскиот премиер, Виктор Орбан и неговата партија не им е повеќе местото во оваа политичка група.

– На господинот Орбан не му е повеќе местото во ЕПП. Тоа го кажав на самитот на нашето политичко семејство во Салзбург (на 20 септември, нз). И, иако го почитувам човекот, гледам многу некомпатибилности помеѓу неговите зборови и демохристијанските вредности врз кои е основано семејството ЕПП. Освен ако ни гарантира дека ги почитува темелните вредности и изборната програма на ЕПП, изјави Јункер за „Ле Монд“.

Јункер беше кандидатот на ЕПП на последните европски избори во 2014 година. Ова е неговиот последен мандат, тој најави дека нема намера повторно да се кандидира за истото место.

Во интервјуто со „Ле Монд“, тој потсетува дека е во европската политика од 1982 година и дека не е првпат да се предвидуваат црни сценарија за иднината на ЕУ, иако не ги игнорира проблемите со кои се соочува Унијата.

– Се согласувам дека треба борба против акутните популизми и непромислените национализми. Сепак, да се сведува влогот на европските избори само на овој проблем, иако е огромен, не ги рефлектира целосно предизвиците, изјави Јункер.

Тој ја осуди реториката на земјите од Вишеградската група за мигрантите и отсуството на солидарност од нивна страна во однос на квотите.

– Интегралното одбивање бегалци од страна на некои земји и опасните реторики дека Европа се соочува со исламска инвазија се неприфатливи, истакна претседателот.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Орбан: Опасноста од ескалација и ширење на војна никогаш не била поголема

Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски