Јункер со повик за воведување мандаторни квоти за мигрантите

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека нема да отфрли обврзна релокација на мигранти откако ЕУ не успеа да разреши спор околу тоа како да насели повеќе од 40.000 мигранти во Европа.

Јункер додаде дека е разочаран што нема договор за тоа прашање.

– Министрите за разлика од граѓаните имаат обврска да дејствуваат. Предложивме обврзен систем на редистрибуција на баратели на азил и луѓе на кои им е потребна меѓународна заштита, но државите членки не не следеа и присилени сме да побараме договор на доброволна база, изјави Јункер.

– Доколку немаме договор на доброволна база, мора да разгледаме предлог на Комисијата, нагласи тој.

Јункер вели дека државите членки од ЕУ „не смеат да бидат заслепени со популистичка политика која е присутна во речиси секоја држава“.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто