Јункер побара достоинствен однос кон Туск по сослушувањето од полското правосудство

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, би сакал претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, да добие достоинствен однос, изјави портпаролката на Јункер, цитирана од француските медиуми, по вчерашното неколкучасовно сослушување на Туск пред полското правосудство.

-Јункер има целосна доверба во Туск, со кого работи со години наназад, уште кога двајцата беа премиери и сега како претседатели на ЕК и Европскиот совет, подвлече на прес конференција портпаролакат Мина Андреева.

Претседателот Јункер би сакал односот кон Туск да е достоинствен, одговори таа на прашањето за осумчасовниот распит, на кој беше подложен поранешниот полски премиер во Варшава во својство на сведок.

Туск вчера го искритикува „исклучително политичкиот карактер“ на неговото повикување од страна на варшавското обвинителство како сведок во истрагата против двајца поранешни шефови на воената контрашпионажа.

Туск одби да даде детали од своите сознанија и истакна дека се јавил „најмногу заради почитта кон полската држава“.

Претседателот на Европскиот сивет го информирал обвинителот дека според силата на европското право тој има целосен имунитет и го предупредил дека ќе се повика на својот имунитет доколку сфати дека истрагата се користи за да биде попречен или да му се забрани да ја извршува својата функција.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика