Јункер апелира до европските лидери да не приклонуваат кон популизмот

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер апелираше до лидерите на Европска унија да не даваат популистички изјави за мигранстаката криза.

– Во политиката има моменти кога не треба да се приклонуваме кон популизмот, во спротивно на крајот ние ќе станеме популисти. Но, некои избирачи, привлечени од упростените пораки на популистите, ќе гласаат за нив, истакна Јункер.

Тој наведе дека е разочаран од потешкотиите за постигнување на солидарност меѓу државите.

Јункер потенцира дека е многу загрижен од состојвите во Кале, Франција, каде илјадници имигранти се обидуваат да влезат во Велика Британија преку тунелот под Ламанш.

– Такватра ситуација ме доведува до целосен безизлез. ЕК  е подготвена да помогне, прво на француската, а потоа на британската Влада, но досега не сме добиле конкретни барања, рече Јункер.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто