Јун: Мораме да ја казниме секоја провокација од Северна Кореја

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јул денеска изјави дека на секоја провокација од Северна Кореја мора да се одговори со еднаква сила.

Тој коментирајќи го упадот на пет севернокорејски беспилотни летала во воздушниот простор на Јужна Кореја наведе дека „не треба да се плашиме поради тоа што Северна Кореја има нуклеарно оружје“.

– Мораме да возвратиме и да ја казниме секоја провокација од Северна Кореја. Тоа е најмоќната алатка за сузбивање на провокациите, посочи Јун.

Јужна Кореја претходно соопшти дека планира да потроши 560 милијарди вони (над 400 милиони долари) во следните пет години за да ги зајакне своите одбранбени капацитети против севернокорејски беспилотни летала и да се спротивстави на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани, така што ќе набави повеќе стелт авиони, подморници со балистички ракети и да го забрза развојот на систем за пресретнување на артилериски ракети.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

Ким и неговата ќерка го гледаа лансирањето на „монструозната“ интерконтинентална ракета

Ана Ололовска

230 патници се евакуирани пред полетувањето, во авионот се пронајдени куршуми

Горан Наумовски

Северна Кореја: Обидот на САД да го запре нашиот ракетен тест би бил објава на војна

Ана Ололовска

Северна Кореја се соочува со својот најголем глад од 1990-тите, Ким Џонг-ун издаде наредба

Ана Ололовска

Северна Кореја истрела крстосувачки ракети: „Демонстриравме нуклеарен контранапад“

Ана Ололовска