Јукија Амано е без конкуренција за местото генерален директор на МААЕ

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукија Амано е на пат да добие нов четиригодишен мандат, откако нема соперници за функцијата.

Во писмо од претседателот на 35-члениот Управен совет на МААЕ Џон Барет до нејзините земји-членки се вели дека до крајниот рок на 31 декември не пристигнале други кандидатури.

Тоа значи дека Амано, кој е познат по поцврстиот пристап кон Иран по прашањето за неговата нуклеарна програма од својот претходник Мохамед ел Барадеј, речиси со сигурност ќе биде реизбран за генерален директор на МААЕ.

Западни дипломати се задоволни од поцврстиот пристап на Амано кон Иран, и покрај тоа што тој не дал се уште резултати. Откако, меѓутоа, Јапонецот е на чело на МААЕ, односите на агенцијата со Иран, значително се затегнаа.

Би можело да ве интересира

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он

Николовски: За 45% поголемо производство на струја, имаме најдобри резултати во енергетиката

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Андонов: Електро-енергетскиот систем е стабилен

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика