Јорданскиот радикален исламски лидер Абу Катада ослободен од обвиненијата

Од:

Суд во Аман го ослободи од обвиненијата радикалниот исламски верски лидер Абу Катада, кој беше обвинет за неколку кривични дела поврзани со тероризмот.

Судиите во процесот, што се оддржа во јорданскиот глвен град, пресудија дека Катада не бил вмешан во „исламски заговор“ во време на свеченостите по повод новиот милениум во 2000 година.

Во јуни годинава во еден друг процес тој беше ослободен и од обвинувањето дека бил поврзан со серијата бомбашки напади во Јордан во 1998 година.

Абу Катада живееше како политички бегалец во Лондон безмаку 20 години, стравувајќи да се врати во Јордан каде беше обвинет за поврзаност со териризмот.

Во 1994 година тој добил политички азил во Велика Британија, но минатата година беше депортиран и предаден на јорданските правосудни власти по осумгодишна правна битка меѓу британската Влада, јорданските власти, адвокатите на Катада и разните групи за човекови права, кои твдеа дека доколку биде протеран тој ќе биде изложен на тортура и осуден на смрт.

Британските безбедносни власти тврдеа дека Катада претставува „сериозна закана“ за сигурноста на Велика Британија, па затоа тој мора да биде вратен во Јордан од каде побегна пред две децении.

Американските и европските разузнавачки агенции сметаа дека Абу Катада ги потикнува терористишките напади на бомбашите самоубијци, на европско и американско тло.

Во еден период се веруваше дека тој е „пратеник на Осама Бин Ладен“ во Европа за специјални операции.

Иако наскоро ќе излезе од затвор каде се наоѓа по протерувањето од Лондон, тој најави дека нема намера да се враќа во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт