Јорданскиот принц Заид ал Хусеин нов висок комесар за човекови права на ОН

Од:

Јорданскиот принц Заид ал Хусеин е новиот висок комесар за човекови права на Обединетите нации.

Ал Хусеин е првиот Арап, кој ја зазема оваа функција и тој доаѓа на местото на Јужноафриканката Нави Пилај.

Тој вчера ја отвори седницата на Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева.

Принцот е братучед на кралот на Јордан, Абдула и е наследник на последниот крал на Ирак, Фејсал Втори, кој владееше со земјата до државниот удар во 1958 година.

Ал Хусеин неодамна беше амбасадор на Јордан во ОН, а претходно беше амбасадор на Јордан во САД.

Тој одигра клучна улога во преговорите за создавање на Меѓународниот кривичен суд, единствениот суд во светот за воени злосторства.

Заид ал Хусеин го почна четиригодишниот мандат на почетокот на септември, откако беше избран на функцијата од Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет