Кралот на Јордан Абдула Втори денеска ја повика Арапската лига да ја одложи одлуката за доделување на местото на Сирија во лигата на Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили.
Според теелвизијата „Ал Мајдин“, која се повикува на арапски дипломатски претставници, јорданскиот монах ова прашање го смета за „ненавремено“ и „не така итно“ за арапските народи. Според него ваквиот чекор би имал повеќе негативни од позитивни последици.
Дводневниот самит на Арапската лига ќе почне утре во Доха, Катар. „Ал Мајдин“ наведува дека неочекуваната изјава на јорданскиот крал предозвикала остри критики од домаќините на средбата, катарските шеици, кои се главни спонзори на сириската вооружена опозиција.