Јордански војник осуден на доживотен затвор за убиство на тројца американски офицери

Од:

Јорданскиот војник Мани ал-Тувахја е осуден денеска од воениот суд во Аман на доживотен затвор со тешка работа под обвинение за убиство на тројца американски офицери, кои престојувале во Јордан за обука на припадниците на армијата.

Инцидентот се случи во ноември минатата година во јорданската воздухопловна база Ал Џафр.

Во текот на судскиот процес, обвинетиот војник тврдел дека не е виновен за убиство со предумисла кое однапред било планирано, како што беше официјалното обвинување на обвинителството.

Тој се бранел дека пукал по тројцата Американци откако нивното возило „навлегло во базата“.

Едниот од американските обучувачи беше убиен на самото место на инцидентот, додека другите двајца починаа подоцна во болница.

Јорданските власти во првичното објаснување по инцидентот, соопштија дека американските офицери биле убиени кога нивното возило не застанало пред влезот на базата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт