Јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џудех денеска го предупреди сирискиот амбасадор во Јордан Бахџар Сулејман да престане со критикување на земјата или во спротивно ќе биде протеран.
Изјавата на јораданскиот министер е потврда за зголемените тензии меѓу двете соседни земји. Јордан ги поддржува сириските бунтовници во борбата против претседателот Башар ал Асад.
Сирискиот амбасадор е остар критичар на Јордан, особено на социјалните мрежи, обвинувајќи ја земјата дека е марионета на САД и Израел.
Сулејман пред две недели во изјава за медиумите жестоко го прекори Аман поради тоа што беше домаќин на средбата на групата „Пријатели на Сирија“, која дава поддршка на сириската опозиција.