Јордан понуди своја предлог резолуцијата во ОН за Газа

Од:

Јордан денеска во седиштето на Обединетите нации во Њујорк подели изменета нацрт резолуција со која се повикува на оддржлив прекин на огнот во Газа и се осудува „сето насилство и непријателства против цивилите“.

Новиот амбасадор на Јордан во ОН, Дина Кавар, изјави дела оваа нацрт резолуција е поднесена денеска во Советот за безбедност во форма што може да биде дадена на гласање.

-Ние се консултираме со сите членки на Советот и се надеваме дека за ден или два ќе имаме резултат, изјави амбасадорката.

Нацрт резолуцијата повикува на отворање на граничните премини во Газа и апелира до ОН да се воспостави механизам за надгледување на примената на договорот за прекин на огнот.

Во текстот не се споменува Хамас, ниту ракетирањето на Израел, што значи дека САД тешко ќе одобрат таква резолуција, наведуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно