Јоко Видодо и официјално нов претседател на Индонезија

Од:

Уствниот суд на Индонезија денеска ја отфрли тужбата за лажирање на изборите на еден од двајцата претседателски кандидати Прабово Субианто.

Тоа е конечна одлука со која дефинитивно e потврдено дека досегашниот гувернер на Џакарта, Јоко Видодо е победник на претседателските избори одржани на 9 јули.

Новиот претседател на Индонезија должноста ќе ја преземе на 23 октомври. Индонезиската и поголем дел на меѓународната јавност сметаат дека Јоко Видодо ќе биде човекот кој Индонезија дефинитивно ќе ја изведе на пат на вистинска демократија и ќе создаде економски моќна држава.

Бидејки се очекуваат протести на симпатизерите на поразениот кандидат Субианто, силите зе безбедност во Џакарта се зајакнати со 50.000 полицајци и припадници на армијата.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски