Претседателот на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ се состана со шпанскиот премиер Маријан Рахој при што разговараше за реформи на Советот за безбедност.
Јеремиќ на таа тема во четврток во Њујорк ќе претседава на големиот состанокот на државите членки на ОН.
Тој го запозна Рахој со текот на изработката на глобалните цели за одржлив развој, како и за новата развојна стратегија на ОН за периодот по 2015 година.
Претседателот на ГС на ОН на својот домаќин му ги претстави и идните тематски дебати на српското претседавање, ставајќи посебен акцент на расправата во јули за социјална нееднаквост, за која стана збор и во текот на средбата со папата Франсис, како и за дебатата за улогата на меѓународните агенции за проценка на кредитниот рејтинг, која што е планирана за септември.
Рахој покажа голема заинтересираност за овие две дебати и најави учество на Шпанија на високо ниво, се додава во соопштението.
Јеремиќ и Рахој го истакнаа значењето на почитување на меѓународното право во современите односи помеѓу државите и се согласија дека Србија заслужува поддршка и разбирање од ЕУ.
Елена Георгиевска