Претседателот на Генералното собрани при Обединетите нации, Вук Јеремиќ, по повод 20-годишнината од Светскиот ден на слободата на медиумите истакна дека истите треба да бидат слободни и независни и клучни за промовирање на човековите права и доброто управување.
-Новинарството е хумана професија. Во секое општество има потенцијал да делува против злоупоребата на власта-порача претседателот на Генералното собрание при Обединетите нации.
Тој додаде дека тема на овогодинешното собирање е поголема безбедност за новинарите, кои секојдневно се соочуваат со различни опасности.
Според податоците на УНЕСКО, повеќе од 200 новинари и репортери се убиени при извествување, ширум светот во текот на минатата година.
Елена Георгиевска