Претседателот на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ во Берлин разговараше со германски официјални лица за актуелните меѓународни теми, но и за европскиот пат на Србија.
Јеремиќ и претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт разговараа за новата развојна стратегија на светската организација, како и за напредокот во изработка на цели за одржлив развој.
Јеремиќ ја искористи можноста да апелира на поддршка од Бундестагот за европскиот процес на Србија, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.
Претседателот на Генералното собрание на ОН се сретна и со министерот за надворешни работи, Гидо Вестервеле, со кој разговараше за потребата од поблиска соработка помеѓу ОН и Г 20 како и за реформи на Советот за безбедност.
Во текот на посетата на Берлин, тој имаше средба и со претставници на невладиниот сектор и пратеници на надворешнополитичкиот комитет на Бундестагот.
Елена Георгиевска