Поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ во понеделникот на симболична церемонија го презеде претседавањето со Генералното собрание на Обединетите нации, јавуваат српските медиуми.
Со тоа, официјално заврши 66-та сесија на Генералното собрание, што ја водеше Насир Абдулазиз ал-Насир од Катар.
На примопредавањето на функцијата во Њујорк присуствуваше и Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун.
По преземањето на фунцкијата, Јеремиќ за Танјуг изјави дека на Србија, со претседавањето, и е пружена прилика да ги застапува своите интереси во еден сложен период.
„Ова е голема шанса за секоја земја што ќе се најде на оваа позиција. Србија, преку Генералното собрание, ќе биде на многу видливо место и таа ќе биде точка преку која ќе се вршат многу разгвоори и преговори”, изјави Јеремиќ за Танјуг.