Јеменските Хути: Нема да се откажеме од поддршката на Палестинците бидејќи САД не нарекуваат терористи

Од:

Јеменските Хути синоќа најавија дека нема да се откажат од поддршката за Палестинците и дека тоа што Соединетите Американски Држави повторно ги вклучија во списокот на глобални терористички организации не може да ги одврати од тоа.

„Одлуката на САД нема да има никакво влијание на теренот. Етикетирањето на САД нема да не одврати од поддршката на Палестина и палестинскиот народ. Одлуката на САД само ќе ја зголеми нашата посветеност на нашиот став за поддршка на Палестинците“, рече еден од портпаролите на Хутите, Мохамед Абдел-Салам, за катарската телевизија Ал Џезира.

Хутите беа додадени на листата на странски терористички организации во последните денови од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тие беа отстранети од таа листа во 2021 година, а со нова одлука на Стејт департментот ќе бидат вратени на списокот поради напади на бродови во Црвеното Море.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“