Јеменец секој ден копа по депонии барајќи делови од Куранот

Од:

Канаф Бади од Јемен веќе пет години копа по сметот барајќи делови од Куранот и хартии на кои е напишаното името на Алах.

Секој ден од 2008 година, овој старец од главниот град на Јемен, Сана, ги пребарува контејнерите и депониите во потрага по отфрлени и уништени примероци на Куранот. Како што рече, до сега собрал повеќе од три илјади и ги составувал во својата куќа. Освен тоа, Бади собира и фрлени хартии и други материјали на кои е испишано името на Алах.

– Секое утро после поклонувањето сабах одам во потрага. Многу сум среќен кога ќе пронајдам делови од светата книга и хартиите на кои е напишано Неговото име, рече овој поранешен текстилен работник и татко на три деца.

Секој ден тој носи дома стари и искинати страници од Куранот, што за неговата сопруга претставува голем проблем.

– Мојата мајка секогаш негодува на татко ми, прашувајќи го каде да ги стави сите книги кои го пронашол. Му зборува дека куќата е полна со свети книги и хартии кои ги има најдено во ѓубрето и дека нема повеќе место да ги остави. Полиците во сите соби се полни со неговиот најдени работи, рече ќерката на Бадрар, Самах.

Но, тој е упорен во својата секојдневна работа. Се надева дека повторно составената света книга ќе ја испрати таму каде што му е местото, во училиштата и џамиите.

Во меѓувреме, шеик Џабри Ибрахим од тамошното Министерство за верски прашања, рече дека Куранот не би смеел да се фрла.

– Тоа е злосторство. Да се фрли Куран во ѓубре или да се остави на улица е строго казниво и неприфатливо, вели Ибрахим.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“