Јапонскиот новинар Кенџи Гото бил убиен веднаш по истекувањето на рокот на ултиматумот, даден од радикалната група Исламска држава, вечерта на 29 јануари, соопшти денеска јапонската телевизија НАК.
Според телевизијата, соодветната информација била емитувана во
етер преку интернет-радио што се користи од страна на исламистите.
Засега нема официјална потврда на ова тврдење.