Јапонија и Австралија со санкции кон Русија

Од:

Јапонија и Австралија објавија дека воведуваат економски санкции кон Русија поради признавање на самопрогласените републики во источна Украина, откако истата одлука претходно ја донесоа Велика Британија, Европската унија, САД и Канада.

Јапонските санкции вклучуваат забрана за издавање руски обврзници во Јапонија и замрзнување на имотот на одредени поединци, како и ограничување на патувањето во Јапонија, изјави јапонскиот премиер Кишида.

„Ситуацијата е се уште прилично напната и ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме“, додаде тој. Кишида истакна дека деталите за санкциите ќе бидат објавени во наредните денови.

Јапонскиот премиер истакна дека Јапонија има доволно резерви на нафта и течен гас, така што на краток рок нема да има значително влијание врз снабдувањето со енергија.

Јапонија купи речиси десетина од течниот гас од Русија во 2021 година, како и 12 отсто од јаглен.

Австралија, во меѓувреме, веднаш ќе започне со воведување санкции за руските граѓани за кои верува дека се одговорни за дејствијата на земјата против Украина, изјави премиерот Скот Морисон.

„Австралијците секогаш се противат на насилниците. Ќе и се спротивставиме на Русија заедно со сите наши партнери“, рече Морисон, додавајќи дека очекува дополнителни санкции против Русија и дека ова е „само почеток на процесот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски