Јапонија го рестартира првиот нуклеарен реактор по Фукушима

Од:

Во Јапонија изутринава беше рестартиран нуклеарен реактор, по повеќе од четири години од трагедијата од 2011 година во Фукушима, која доведе до стопирање на работата на сите нуклеарни централи во земјата од септември 2013 година.

Реакторот 1 на централата Сендај, на 1.100 километри југозападно од Токио, во префектурата Кагошима, беше рестартиран во 10:30 часот по локално време (1:30 според Гринич), изјави портпаролот на компанијата „Кјушу Електрик Пауер“ (КЕПКО).

Јадрото ќе влезе во верижна реакција од 23 часот (14 часот според Гринич) и од петок ќе почне да генерира електрична енергија, која ќе биде пуштена во промет од почетокот на следниот месец.

– Сакам рестартирањето да биде извршено при целосно гарантирање на безбедноста, која треба да биде приоритет, изјави синоќа јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Рестартирањето беше означено како грешка од Наото Кан, премиер за време на катастрофата во Фукушима, кој потоа стана еден од најгласните противници на нуклеарните активности.

Тој беше меѓу 200-те демонстранти, кои пристигнаа од различни делови на Јапонија за да организираат протестна акција пред централата. За денеска се планирани протести пред резиденцијата на премиерот во Токио.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија