Јапонија ги заострува санкциите против Северна Кореја

Од:

Јапонија ќе воведе дополнителни санкции против Северна Кореја, што подразбира замрзнување на имотот на компаниите од Кина и Намибија кои соработуваат со Пјонгјанг, изјави портпаролот на јапонската Влада, Јошихиде Суга.

Како што е соопштено, Токио ќе ги замрзне имотите на уште шест организации и двајца поединци поврзани со Северна Кореја.

– Ќе продолжиме да упатуваме силни повици до Северна Кореја да преземе чекори кон денуклеаризација, истакна на прес-конференција Суга.

Тој нагласи дека „сега е време да се зајакне притисокот“.

Целта на санкциите е да се оневозможи текот на парите за финансисрање на програмите за оружје на Северна Кореја, како и за истражувачката работа во врска со развојот на нуклеарната и ракетна програма на Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја