Јанукович вети дека ќе се врати за да и помогне на Украина

Од:

Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович вети дека ќе се врати во земјата за да и помогне, пренесоа француските медиуми.

-Веднаш штом ќе ја добијат таквата можност ќе се вратам и ќе направам се што е во мои сили за да го олеснам животот во Украина, рече Јанукович во интервју за Првиот канал на руската телевизија.

Тој изјави дека „ Господ ме остави жив и тоа е можеби затоа што се уште има потреба од мене“.

-Денеска (Украина) е нападната.. и во (неа) царуваат произволноста и неправдата, рече Јанукович.

Делови од интервјуто денеска беа објавени на првата годишнина од бегството на украинскиот проруски претседател од главниот град Киев под притисок на прозападните демонстранти.

На крајот Јанукович побегна во Русија.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17