Во текот на јануари во Велика Британија од коронавирус дневно умирале повеќе од 1000 луѓе покажуваат податоците на владата.
Оваа информација е објавена на денот кога државата обележува една година од првиот регистриран случај на Ковид-19.
Меѓу 1. и 28. јануари во земјата починале 28 171 лице како последица на компликации од коронавирусот. Овие податоци се однесуваат на починати во тек на 28 дена од позитивниот тест.