Јагланд позитивно го оцени мировниот план на Путин за украинската криза

Од:

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, позитивно го оцени мировниот план на рускиот претседател Владимир Путина од седум точки за решавање на украинската криза.

Јагланд, кој во моментов се наоѓа во посета на Москва, изјави дека верува дека иницијативата на Путин ќе има добри резултати, но дека проблемот е во тоа што во конфликтите, како што е овој во Украина, на двете страни има радикални елементи кои инсистираат на расипување на плановите за мирно решение, пренесува ИТАР-ТАСС.

Јагланд напомена дека е нужно планот да се дополни со уште некои позитивни мерки.

Рускиот претседател вчера изнесе мировен план во седум точки, по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Тој се надева дека спогодбата меѓу завојуваните страни во источна Украина може да биде постигната на 5 септември, на состанокот на Контакт групата за Украина, под услов во целост и безусловно да се почитуваат легитимните права на населението во овие области.

Сппоред податоците на ОН, меѓу средината на април и средината на август во борбите меѓу украинската војска и локалните милиции погинале повеќе од 2.100 лица, додека повеќе од 5.000 се ранети.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија