ОН дадоа мрачна прогноза за состојбата на светската економија.
Во вчера објавениот извештај на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД) се посочува слаб економски раст на глобален план.
Светската економија се уште не е доведена во ред, пет години по финансиската криза, наведува УНКТАД. Глобалниот БДП се зголемил за 2,2 отсто минатата година и ќе регистрира таков раст и оваа година. Организацијата очекува најлошо да се претстават развиените земји (со раст од околу еден проценти при пет проценти за земјите во забрзан развој и три проценти од економиите во транзиција).
УНКТАД предупредува за враќање на стратегиите од пред големата рецесија, најмногу за економиите со забрзан развој и преодните економии, кои се залагале претежно за извоз за развиени земји.