Во годишниот извештај на Фондот за деца при ОН (УНИЦЕФ) се наведува дека секој трет корисник на Интернет е дете, а премалку се прави за децата да се заштитат од опасностите кои фи демнеат во дигиланиот свет и да им се зголеми пристапот до безбедни оналјн содржини.
Документот насловен „Состојбата на децата во светот во 2017 година: Децата во дигиталниот свет“ посочува на различни начини на кои дигиталната технологија влијае на животот и животните шанси на децата, идентифирајќи ги како опасностите, така и можностите.
Владите и приватниот сектор не се во чекор со промените, поради што децата се изложени на нови ризици и опасности и при тоа се запоставуваат милиони деца од најзагорезите категории, се наведува во текстот.
Тоа подразбира зголемување на нивниот пристап до информации, подучување за вештини потребни во дигиталното опкружување, нудење платформи за поврзување и изнесување на нови ставови.
Децата често ја пропуштаат таа прилика, бидејќи една третина од младите во светот – 346 милиони, немаат пристап до Интернет, со што се намалува можноста за децата да учествуваат во се повеќе дигитално насочената економија, што придонесува за неедканвост.
УНИЦЕФ во извештајот истакна како Интернетот ја зголемува изложеноста на децата на ризици и опасности, вклучително и злоупотребата на нивните приватни информации, пристапот до штетни содржини и дигиталното насилство.
Со мобилните телефони, присуството на децата на ИНтернет е се под помал надзор и тоа станува потенцијална опасност.
Дигиталните мрежи како „Црниот интернет“ и криптовалутите ги овозможуваат најстрашните облици на искористивање и злоупотреба, вклучително и трговијата со луѓе и содржини кои прикажуваат сексуално злоставување на деца „по наредба“.
– Една заедничка акција – со помош на владите, приватниот сектор, детските организации, академската заедница, семејствата и самите деца, може да помогне за изедначување на дигиталниот терен и да го направи Интернетот побезбеден и попристапен за децата, се потенцира во извештајот на УНИЦЕФ.
Меѓу препораките за поефикасно креирање на политика и поодговорна работна пракса за благосостојба на децата се овозможување на соодветен пристап на висококвалитетни онлајн ресурси за сите деца, заштита на децата од опасностите на Интернет – вклучително и злоупотреба, искористување, трговија со луѓе, дигитално насилство и објавување на несоодветни содржини, заштита на приватноста и идентитетот на децата на Интернет, подучување за дигиталната писменост со цел децата да бидат информирани, ангажирани и безбедни на Интернет, да се користи моќта на приватниот сектор за унапредување на етичките стандарди и пракси кои се корисни и ги заштитуваат децата на Интернет, како и да се стават децата во центарот на дигиталната политика.