Извештај на ОН: Расте нивото на штетни гасови во светот

Од:

Нивото на загадување и понатаму расте и покрај ветувањата од државите од светот дека ќе биде намалена емисијата на јаглен-диоксид. Поради тоа потребни се дополнителни акции за да се намалат климатските промени во следните години, се вели во заклучок од извештај на ОН.

– Ако во овој момент преземеме дополнителни акции за да останеме во безбедните граници на емисии на СО2, тоа ќе ја намали потребата за преземање екстремни акции во иднина, вели Ахим Штајнер, извршен директор на програмата на ОН за заштита на животната средина.

Во извештајот се додава дека неутрализирање на емисиите на штетни гасови мора да биде постигнато во периодот 2055-2070 година кога би се задржал просечниот раст на годишната температура под два степена Целзиусови. Под неутрализирање на СО2 се подразбира дека секоја емисија на штетни гасови ќе биде анулирана на пример, со садење шуми.

– За да останеме посветени на целта, глобалната емисија не смее да биде поголема од 44 милијарди тони еквивалент на СО2 во 2020 година, се заклучува во извештајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица