СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух

Од:

Борбата против загадувањето е долг процес кој бара стратешки пристап, континуирана посветеност и сериозни институционални мерки. За жал, повеќе од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста, сведоци сме на недостиг од акција и преземање мерки, велат од СДСМ.

– Скопје, Тетово, Куманово, Битола и други македонски градови постојано се на листата на најзагадени градови. Според Светската банка, загадувањето годишно одзема живот на 2.800 наши сограѓани. Овие алармантни податоци бараат итни институционални чекори, кои за жал целосно изостануваат. Ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за милијарда евра за чист воздух, за намалувањето на загадувањето за 50% се покажаа како голема лага, рече на прес коференција потпреседателката на СДСМ Кристина Костова.

СДСМ предлага серија итни мерки за справување со загадувањето на воздухот:

1. Да се донесе итно Програма за чист воздух во Министерството за животна средина. Со субвенции за домаќинствата за замена на нееколошките системи за затоплување, како и за градинките, училиштата и јавните објекти да преминат на чисти технологии. По примерот на Програмата за воздух која владата на СДСМ успешно ја спорведуваше неколку години.

2. Интензивни инспекциски контроли врз потенцијалните извори на штетни емисии: инсталации, сервиси, диви депонии и стрништа. Контролите врз индустријата мора да продолжат.

3. Подобрување на градежната пракса, со контроли на градилиштата и стопирање на градежни работи во градовите со зголемено загадување.

4. Интензивни активности за зголемување на јавната хигиена: со миење на улиците, чистење на дивите депонии и собирање на отпадот.

5. Засилена контрола на техничката исправност на возилата, особено дизел-возилата.

6. Работодавачите да ги ослободат од обврски бремените жени, постари лица и хронично болни во деновите со екстремно загадување.

7. Да се направи реорганизација на работното време за работници на отворено, со скратена работа од 11:00 до 17:00 часот.

8. Да се воведе забрана за спортски и културни манифестации на отворено при високо загадување, појасни Костова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он