Извештај на Евроџаст: Организирани криминални групи одговорни за криминални дела врз животната средина

Од:

Нов извештај на органот на ЕУ за судска соработка, Евроџаст, открива дека криминални групи стојат зад прекугранични криминални дела врз животната средина.

Во исто време парадоксално, и покрај огромните заработки од тие криминални дела (од 30-70 милијарди долари годишно) статистиката покажува дека за тие криминални дела ретко се води истрага. Бројот на регистрираните случаи во Евроџаст е многу низок. Долгиот список криминални дела врз животната средина вклучува:

– Опасни отпадоци, нелегално изнесени во трети држави од Италија и Ирска
– Различни форми на загадување на водите во Грција, Унгарија и Шведска.
– Нелегален извоз на птичји јајца и мајмуни.

Тоа е прв извештај на Евроџаст за криминални дела врз природната средина.

Клучни констатации во него се:

– Казните се многу ниски
– За врски за организирани криминални групи и шверц на отпад нема документации или воопшто не се водело истрага
– Недоволна координација меѓу компетентни органи на национално и меѓународно ниво.
– Извршувањето закони на ЕУ на национално ниво се разликува од држава до држава. Тоа создава потешкотии за заедничка борба против криминалците.
– Некои држави немаат соодветни организациски структури за процесуирање такви кривични дела.

Клучни решенија:

– Разузнавањето е задолжително за тој тип криминал
– Рано учество на Евроџаст во координирање на истраги и системско користење на негови иснтрументи – заеднички тимови за истрага, координациски средби и координациски центри за да се води подобро истрагата за сериозни прекугранични криминални дела врз животната средина.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ