Израелските сили убија двајца Палестинци во бегалски камп

Од:

Израелските сили денеска убиле најмалку двајца Палестинци, а ранети се повеќемина, за време на рација на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Едниот од убиените имал 17, а другиот 23 години.

Според израелската војска, нејзините сили и граничната полиција влегле во бегалски камп во градот Џенин, со цел да „уапсат осомничени за тероризам“.

– За време на операцијата, терористи пукале на нашите сили. Израелските трупи одговорија со оган и погодени се вооружени напаѓачи. Еден израелски војник е полесно ранет, се наведува во соопштението на војската.

Истовремено, од војската информираа и дека Палестинец денеска избодел Израелец во автобус, во јужниот дел на Западниот Брег. Како што пишува во соопштението, напаѓачот бил застрелан од друг патник во автобусот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“