Израелскиот парламент ќе гласа за легализација на канабисот

Од:

Израелскиот парламент денеска треба да гласа за предлог-закон со кој се легализира употребата на канабис, пишува „Ерусалим Пост“.

Според израелскиот весник, Кнесетот треба да го усвои предлог-законот што го предложи Шарн Хаскел од владејачката партија, конзервативната Ликуд.

„Мојот предлог-закон за декриминализација на канабисот ќе биде усвоен денеска од законодавниот комитет. Тоа е одлична вест за борба на повеќе од еден милион граѓани и за десетици илјади пациенти кои чекаат на денот кога државата Израел ќе престане да ги третира како криминалци“, рече Хаскел.

Според законот, канабисот ќе биде дозволен за употреба за израелски државјани на возраст над 21 година, со исклучок на оние граѓани кои работат во безбедносните служби, додава „Ерусалим Пост“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран