Израелскиот напад врз Рафа однесе најмалку 30 жртви

Од:

Најмалку 30 палестински лица загинаа во Рафа, откако претходно Нетанјаху изјави дека побарал од израелската армија да подготви план за евакуација на стотици илјади луѓе од Газа.

Израелската армија секојдневно бомбардира во Рафа, каде се наоѓаат голем дел од жителите на Газа кои биле протерани од своите домови.

Хамас пак, предупредува дека израелските напади врз Рафа може да резултираат со десетици илјади жртви. Тие предупредуваат на масовни убиства, повредени и голема катастрофа.

И Германија и Саудиска Арабија апелираа Израел да не започнува офанзива во Рафа, бидејќи тоа ќе доведе до „хуманитарна катастрофа“.

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Денис Френсис синоќа изјави дека е вџашен од планираната израелска воена офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Тој во име ОН ги повтори молбите за прекинување на огнот и почитување на хуманитарното право на слобода.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски