Израелскиот кандидат за Евровизија е убиен во Газа

Од:

Резервистот на израелската армија Шаул Гринглик (26) е убиен во Појасот Газа, само неколку недели по аудицијата за телевизиското шоу за песна на Евровизија во земјата.

Гринлик на 3 декември се појави во емисијата „Израелската ѕвезда во подем“ додека беше на одмор, откако се мобилизираше во војната против Хамас.

Облечен во војничка униформа, тој отпеа популарна балада и доби „зелено светло“ за следната селекција. Еден од судиите, пишувајќи по смртта на Гринглик во судирите во северниот дел на Газа, рече дека Шаул се откажал од натпреварот поради неговите должности.

– Оваа година ја замислив поинаку, како година на аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Нов, поинаков сон ќе треба да почека малку – напиша Гринглик во објава на 14 декември на социјалната мрежа Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници