Израелски војник и 23 Палестинци убиени на почетокот на израелската копнена операција во Газа

Од:

Откако Израел соопшти дека еден негов војник бил убиен, а двајца ранети во текот на изминатата ноќ во Појасот Газа, здравствените власти во палестинската енклава денеска инфромира оти 23 жители на Газа загинале од почетокот на копнената офанзива на израелските сили.

На видео снимка, што ја објави израелската армија, се гледа како војник отвора капија од пограничната ограда и шест тенка како се движат по песочните дини во Газа, следени од две долги колони пешадијци.

Претходно, израелски борбени бродови од морето и хеликоптери од страна на копнената граница на Газа изведоа артилериска подготовка за отпочнување на нападот.

– Користиме огнена моќ од многу висок степен и артилерија, изјави армискиот портпарол, бригадниот генерал Моти Алмоз.

Според неговите податоци, во Појасот Газа се присутни „голем број војници“, кои ги заземаат наобележените цели, како што се тунели или објекти на Хамас. Алмоз додаде дека имало неколку судири со вооружени Палестинци.

Израел соопшти дека неговата копнена инвазија во Газа има ограничена задача да ги разурне тунелите и ракетните станици, а не да го собори Хамас од власта.

Портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри, му се закни на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со „жестоки последици од овој глупав акт“, како што ја нарече израелската офанзива.

Телевизиите во живо прикажаа како израелскиот систем за противракетна заштита „Железна купола“ престретнува и уништува палестински ракети.

ИТАР-ТАСС пренесува изјава на претседателот на Комисијата за надворешни работи и одбрана во Кнесетот, Зеев Елкин според кого, копнената фаза од операцијата во Газа не предвидува навлегување во густо населените зони. Според него, актуелните израелски сили дејствуваат само во пограничните реони, но тоа е „доволно сериозна операција“.

– Не се планира воспостваување на целосна контрола врз Газа, затоа што за тоа се потребни околу две години, додаде Елкин.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски