Израелски политичар: Земјотресот е Божја казна за Италија

Од:

Заменикот министер за регионална соработка на Израел, Ајуб Кара изјави денеска дека земјотресот во Италија е „Божја казна за Италија“, бидејќи била воздржана при гласањето за Стариот град во Ерусалим.

За жителите на Израел, Стариот Град е обележје на повеќевековните врски на Израел и Евреите.

Кара, член на десничарската Ликуд, во момент на земјотресот бил во Ватикан, но бил убеден дека „Бог ќе го заштити“ поради ота што Ватикан ја осудил оценката на Унеско дека Стариот Град во Ерусалим е арапски.

Владејачките партии во италијанскиот парламент ја осудија изјавата на Карин и побараа од премиерот и претседателот на Израел да го сменат Кара.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави