Израелската војска откри тунел од Газа до еден кибуц со 13 вооружени терористи

Од:

Израелската војска откри таен тунел, кој водел од појасот Газа до еден кибуц, во кога, во тој момент се криеле 13 исламистички терористи, подготвени да навлезат на израелската територија.

Тунелот бил откриен случајно, откако се урнал, како последица на бомбардирањето на израелската авијација.

Според објаснувањето на израелската војска, терористите се подготвувале да извршат терористички напад од „големи размери“ врз кибуцот, со можни тешки последици и бројни човечки жртви.

Во престрелката што се развила по откривањето на тунелот, е убиен еден од терористите, додека другите успеале да побегнат во Газа-изјави портпаролот на израелската војска, потполковник Питер Лернер.

Засега ниту Хамас,ниту припадниците на некоја од исламистичките, милитантни групи, ја презедоа одговорнста за подготвениот напад внатре во израелската територија.

Инцидентот со тунелот, се случи само неколку часови пред започнувањето на петчасовниот „хунаитарен прекин на огнот“ на кој се согласија Израел и Хамас, на сугестија на ОН.

Прекинот на огнот започна во 10 часот, по локално време, а во текот на ноќта израелската авијација нападна 37 цели за кои се тврди дека им припаќаат на Хамас и на неговите борци.

Во Ерусалим денеска е потврдено дека израелски претставници патуваат за Каиро, за да учествуваат во разговорите за условите за прекин на огнот во Газа.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно