Израелската војска објави што планира во Газа

Од:

Израелската војска објави дека е подготвена за „координирана“ воздушна, копнена и поморска офанзива во Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија соопштение во кое се вели дека се подготвуваат да „спроведат широк опсег на оперативни офанзивни планови“ – без да прецизираат кога тие ќе се случат.

Плановите би можеле да вклучуваат „комбинирани и координирани воздушни, морски и копнени напади“, се вели во извештајот. Се додава дека опремата потребна за борба била „префрлена на релевантните сили“ во последните денови. Баталјоните и војниците на ИДФ се распоредени низ целата земја и ја зголемуваат оперативната подготвеност за следните фази од војната, со акцент на значајните копнени операции“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање