Израелската полиција откри докази за неправилна употреба на шпионски софтвер

Од:

Израелската полиција денеска соопшти дека пронашла докази кои укажуваат на неправилна употреба на шпионски софтвер за хакирање на телефони на израелски граѓани.

Пред две недели, израелски весник објави дека полицијата го користи софтверот „Пегасус“ на израелската компанија НСО за да ги следи демонстрантите, политичарите и осомничените криминалци без судски овластувања, што предизвика гнев во земјата и ги охрабри главниот обвинител и пратениците да започнат истрага.

Минатиот месец полицијата соопшти дека во прелиминарната внатрешна истрага не се најдени докази за злоупотреба на софтверот, но денеска беше кажано дека „се најдени дополнителни докази кои менуваат одредени аспекти на ситуацијата“.

Во соопштението не се споменува групата НСО, што е навестување за можноста дека е проверена употребата на производи за надзор од страна на други израелски компании.

Групата НСО не даде коментар, а полицијата претходно ги демантираше медиумските извештаи, наведувајќи дека постапува согласно законот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“