Израелската армија го гранатираше јужниот дел на Либан како одговор на истрелувањето две либански ракети

Од:

Израелската армија соопшти дека нејзината артилерија рано утрово го гранатираше јужниот дел на Либан, како одговор на двете истрелани либански ракети на израелска територија.

Како што е наведено, противвоздушната одбрана пресретнала една од ракетите, а другата паднала на отворен простор. Засега нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета.

Ракетниот напад од Либан е прв таков прекуграничен инцидент од мај кога палестински екстремисти истрелаа ракети кон Израел за време на 11-дневната војна меѓу израелската војска и движењето Хамас.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека Либан е одговорен за ракетниот напад во текот на ноќта, најавувајќи дека „Израел ќе дејствува против каква било закана кон неговиот суверенитет и своите граѓани“.

– Нема да дозволиме социјалната, политичката и економската криза во Либан да се претвори во безбедносна закана за Израел, рече Ганц.

Либан се соочува со големи кризи, вклучително и економски колапс, што предизвика загриженост во врска со зајакнувањето на милитантните тенденции.

Инцидентот се случи неколку часа откако сириски воен претставник изјави дека Израел извршил воздушни напади во близина на сирискиот град Алепо.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија, кој ја следи граѓанската војна во Сирија, објави дека мета на израелските удари биле складишта за оружје кои им припаѓале на проиранските екстремистички организации во регионот.

Би можело да ве интересира

Абас: Израел има една година да се повлече од окупираните територии

Израел воведува неплатено отсуство за наставниците без сертификат за вакцинација и негативен тест на Ковид-19

А1он

Парламентот на Либан изгласа доверба на владата на премиерот Микати

Ана Ололовска

Уапсени последните двајца палестински бегалци од израелскиот затвор Гилбоа

Ана Ололовска

Израел: Воени медицински тимови во домашна посета на болни од Ковид-19

А1он

Студија во Израел: Секое 11-то дете кое било позитивно на коронавирус, сега искусува долгорочни ефекти од Ковид-19

Ана Ололовска