Израелска армија: Загинувањето на осум цивили во Газа е трагедија

Од:

Портпаролот на израелската армија изрази денеска жалење поради загинувањето на осумина палестински цивили, за време на последните воздушни напади врз Газа, од страна на израелската авијација.

Инцидентот се случи во градот Кан Јунис, кога беше погодена станбена зграда, откако осумте загинати станари се вратиле прерано во своите домови.

– Станува збор за трагедија и тоа не е она што ние (Израелците) сакаме да го постигнеме, изјавил портпаролот на израелската војска.

Палестински извори јавуваат за загинувањето на други девет лица кои настрадале кога било погодено едно кафуле.

Според истите овие извори, најмалку 60 лица,меѓу кои има жени и деца, се убиени откако во вторникот, израелските воздухопловни сили почнаа со напади врз позициите на вооружените групи на исламистичката организација Хамас, како одговор за ракетирањето на територијата на Израел.

Обединетите нации ги повикаа доцна синоќа двете страни да ги прекинат непријателствата, додека генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун предупреди оти Блискиот Исток „не може да си дозволи уште една војна“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, меѓутоа, се закани со интензивирање на нападите против Хамас, предупредувајќи дека „тие ќе платат висока цена за продолжувањето со ракетирањето на израелските домови“.

Армијата тврди дека цел на сегашните напади во Газа се борците на Хамас и нивните објекти, вклучувајќи ги позициите каде се наоѓаат лансирните рампи од каде се ракетираат цели во Израел, складиштата со муниција, тунелите преку кои се врши снабдувањето со оружје и муниција, како и командните центраи на Хамас.

Би можело да ве интересира

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Поддршка за планот на Бајден за Газа: „Да ја завршиме оваа војна“

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд