Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Од:

Израелската армија соопшти дека убила тројца членови на палестинската милитантна група Хамас кои го планирале нападот.

Израелската армија соопшти дека убила членови на Хамас кога удрила во нивните возила во областа Акаба, на северот од окупираниот Западен Брег.

Во соопштението се наведува дека израелските војници потоа извршиле претрес на областа и заплениле оружје, пренесе Ројтерс.

Вооруженото крило на бригадите Хамас – Ал Касам ја потврди смртта на двајца свои членови, наведувајќи дека тие биле убиени за време на мисија во близина на Акаба.

Бригадите Ал Касам изјавија дека ќе продолжат да се спротивставуваат на израелските сили „до победа и ослободување“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“