Израелски проектил погоди зграда во Кафр Соуса, централен кварт на Дамаск, во близина на огромен и силно чуван разузнавачки комплекс и седиштето на иранските организации, при што загинаа 15 лица, изјавија синоќа очевидци и официјални лица.
Целниот напад оштети неколку згради во густо населен дел од градот, недалеку од плоштадот Омајад. Според извор од сириската армија, Израел по полноќ истрелал повеќе ракети врз неколку области на градот. Загинале 15 лица, 15 биле ранети, а неколку згради се оштетени.
Live: Syrian air defense systems engaging #Israeli missiles over southern Damascus countryside. pic.twitter.com/TKcnLMW8gw
— Majd Fahd 🇸🇾 (@Syria_Protector) February 18, 2023
Тоа е досега најсмртоносниот израелски напад врз сириската престолнина, изјави Рами Абдел Рахман, шеф на Сириската опсерваторија за човекови права. Сириската опсерваторија (OSDH) е невладина организација со широка мрежа на извори во Сирија. Засега не се знае дали целта била конкретно лице.
#Israel targeted a seven-story residential building in a densely populated civilian compound in the heart of Damascus, Syria. What Iranian positions are you referring to? pic.twitter.com/EKBymXOJBe
— Majd Fahd 🇸🇾 (@Syria_Protector) February 19, 2023
Имено, во бомбардирањето на Кафр Соуса во 2008 година, загина Имад Мугније, тогаш врховен командант на проиранската група Хезболах. Округот е дом на неколку ирански безбедносни агенции и голем ирански културен центар.