Израелците гранатираа училиште во Газа, загина деца

Од:

Две деца се убиени, а неколку други се повредени откако денес израелски авиони го бомбардираа училиштето Ал-Моатасем, кое служи како засолниште за раселени лица во близина на стадионот Ал-Јармук во Газа, објави Вафа.

Според палестински извори, израелските трупи извршија напади врз станбени згради во самиот град Газа, додека беспилотни летала извршија напади врз населбата Сабра, северозападно од градот.

Овие напади се совпаднаа со гранатирање и детонации на автомобили-бомби во северозападните области на Појасот Газа.

Авиони на израелската армија ја нападнаа областа Тал ал-Хава, југозападно од Газа, додека израелската артилерија ги таргетираше северните делови од бегалскиот камп Ал-Буреиџ во централна Газа.

Во централна Газа, израелските сили отворија оган врз цивилите кои чекаа помош во близина на раскрсницата Нецарим, додека израелските авиони ја бомбардираа близината на компанија за електрична енергија во бегалскиот камп Нусеират, предизвикувајќи голема штета на објектите.

Израелските власти не коментираа за најновите напади.

Би можело да ве интересира

Израел воспоставува „безбедносна зона“ во Јужен Либан

Израел: Нападнавме ракетни складишта и разни штабови на иранскиот режим

Иран: Во американските и израелските напади загинаа 208 деца

Иран испука ракети кон Израел, има повредени

Горан Наумовски

Израел изврши нови напади врз Техеран

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо