Израел забранува слетувања на авиони од Јапонија и од Јужна Кореја

Од:

Израел прошири забрани поврзани со коронавирусот за летови од Јапонија и од Јужна Кореја. Тоа го соопшти Министерството за здравство.

Околу 200 патници без израелско државјанство кои патувале со лет од Јужна Кореја синоќа не добија право да слезат на израелска територија и беа принудени да се вратат во Сеул, дополни министерството.

Авион на јужнокорејска компанија слета во зона оддалечена од вообичаените и од него им беше дозволено да излезат само 12 израелски патници кои беа пренесени со амбулантни возила во нивните домови и се под карантин. Израел веќе воведе заврани за летови од Кина, Макао, Тајланд, Сингапур и од Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел