Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

Од:

Израелската армија денеска нападна неколку области во Појасот Газа, вклучително и Рафах, еден ден по итниот апел на меѓународните посредници до Израел и до палестинскиот исламистички Хамас за мировен договор за ставање крај на повеќе од седуммесечната војна.

На југот на Газа хеликоптери „Апачи“, според очевидци, отвориле оган врз центарот на Рафа, а цел биле и јужните и западните делови на градот.

На север, градот Газа беше нападнат од воздух, при што загинаа тројца Палестинци, меѓу кои една жена и едно дете, во бомбардирањето што го уништи нивниот дом во населбата Ал Дарај, изјави болнички извор .

Израелската војска објави дека спроведува целни операции во Рафа и во центарот на Газа и дека „30 терористички цели, вклучувајќи магацини за оружје и вооружени ќелии“ биле мета во изминатите 24 часа.

Непријателствата не престануваат и покрај итните повици за прекин на огнот, а според Министерството за здравство на Хамас, досега во Појасот Газа загинале најмалку 36.439 лица.

Посредниците во преговорите за примирје, Катар, САД и Египет, заеднички ги повикаа Хамас и Израел денеска да го финализираат договорот врз основа на принципите презентирани од американскиот претседател Џо Бајден.

Вчера, Бајден претстави таканаречена мапа на патиштата со цел да се постигне траен прекин на огнот во фази и под одредени услови.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потоа ги потврди израелските услови за траен прекин на огнот – уништување на Хамас и ослободување на заложниците.

Голем број Израелци продолжуваат да протестираат на улиците барајќи договор за ослободување на заложниците.

Хамас соопшти дека го разгледал предлогот на Бајден, повторувајќи ги своите барања за траен прекин на огнот и целосно израелско повлекување од Газа, услови што Израел ги отфрли.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху му попушти за се на Трамп, а не доби ништо

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел