Израел повторно ги заострува мерките, но не се очекува ново „затворање“

Од:

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска оцени дека вакцинацијата и повторно воведување на ограничувања може да ја спасат земјата од ново „затворање“, иако коронавирусот повторно се шири низ земјата.
– Нашата цел е Израел да остане отворен, но да не дојдеме во ситуација кога болниците ќе кажат дека се преполни. Ние се стремиме да го избегнеме тоа и да знаеме кога да притиснеме на сопирачките, рече Бенет при посетата на центарот за вакцинација во Ерусалим.
Израелскиот лидер верува дека вакцинацијата, носењето маски и одржувањето физичка дистанца може да спречи построги ограничувања.

Израелската влада вчера најави пакет нови мерки, вклучувајќи потврда за вакцинација или негативни тестови при влегување во сите места каде што се собираат повеќе од 100 луѓе и задолжително носење маски и на отворено каде има повеќе од 100 лица.

Објавувајќи ги новите мерки, таканаречениот кабинет за коронавирус предупреди за високо заразната делта варијанта и ги повика Израелците да престанат со „ракување, гушкање и бакнување“.

Министерството за здравство, исто така, го прошири списокот на земји од кои патниците мора да одат во карантин без оглед дали се вакцинирани или се со негативен тест, вклучувајќи ги Франција, Италија и САД, меѓу другите земји.

Во изминатата недела и половина, Израел регистрираше просечно повеќе од 2.000 нови инфекции дневно, а 229 луѓе се во сериозна здравствена состојба, што е најмногу од април.

Би можело да ве интересира

Израел целосно ги укина ковид-пропусниците

Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19

Нафтали Бенет е во изолација поради ковид во неговото семејство

Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19

Катерина Ѓуровски