Израел негира, Америка тврди: Египет ве предупреди за нападот три дена претходно

Од:

Израел доби предупредување од Египет за потенцијалниот напад три дена пред борците на Хамас да започнат голем напад во кој масакрираа повеќе од 1.000 луѓе.

Ова во средата го изјави претседателот на моќниот комитет за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

„Знаеме дека Египет ги предупреди Израелците три дена однапред дека може да се случи ваков настан“, им рече на новинарите републиканскиот пратеник Мајкл Мекол по брифингот за разузнавачките служби зад затворени врати за пратениците за кризата.

„Не сакам многу да навлегувам во тајните, но беше дадено предупредување“, рече тој и додаде: „Мислам дека беше прашање на кое ниво е следено предупредувањето“. Премиерот Бенјамин Нетанјаху постојано негираше дека шефот на египетското разузнавање го предупредил за плановите на Хамас пред нападот.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници